
Според јулијанскиот календар денес е последниот ден од 2025 година. И, како што е редот, на последниот ден од годината добро е да се сумираат и презентираат резултатите од сработеното во годината што изминала. За да се види што и колку сме сработиле во изминатава година споредбено ќе ги претставиме 2023, 2024 и 2025 година, вели директорот на Драмски театар Роберт Вељановски.

За да се има појасна слика треба да се напомене дека Министерство за култура / Ministria e Kulturës за 2025 година за продукција на претстави во Програмата за работа на Dramski Teatar Skopje, одвои повеќе од 90% повеќе средства (5 900 000 денари) со кои се реализирани 5 продукции, наспроти 2024 (3 100 000 денари) во која се реализирани 3 продукции.
Ова се споредбени инфографици за два сегменти од нашето работење, број на одиграни претстави и број на публика која ги проследила нашите претстави.
Се надевам дека сме на добар пат!

Македонски




