
По повод 40 години од првото емитување на легендарната „Бушава азбука“. Со откривање на муралот на 31 август (недела) во 10:30 часот во Дебар Маало, Скопје, ја започнуваме прославата и најавуваме нови содржини. Преку настанот повторно ќе повикаме на потребата од негување, чување и унапредување на мајчиниот јазик преку создавање на квалитетна образовно-забавна програма.
Што следува на настанот:
- Премиера на шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“
 - Низа забавно-образовни активности за деца и сет на Диџеј Вишко за возрасни
 - Претставување на првите лиценцирани производи под брендот „Бушава азбука“
 - Кампања „Време е за Бушавата азбука“ — со донација станувате сопственици на дел од производите
 
Кога и каде:
Недела, 31 август 2025 · 10:30–13:00 · Дебар Маало, Скопје
Мапа: https://maps.app.goo.gl/9fK5ft7iQ7XVrhSV9
Агенда (кратко):
- 10:30 – Најава на јубилејот и проектите
 - 10:45 – Премиера на најавната шпица за „Буквождер“ и најава на кампањата за донации
 - 11:20-13:00 – Подароци и креативни активности за деца · Музички сет на Диџеј Vishko
 
Настанот го организира Види вака раскажувачко студио, а изработката на муралот е поддржана од Општина Центар. Влез: бесплатен.

                        
Македонски






