
По завршувањето на битолското културно лето „Бит Фест“. Рекапитулација за оваа фестивалско издание денеска даде организаторот КИЦ Битола, а покрај тоа се најавија и два големи културни настани и по завршување на „Бит Фест“.
Директорот на КИЦ, Димитар Михајловски рече во изминатите два месеци се одржаа над 70 настани, а бројот на посетители е над 21.000.
КИЦ се докажа како сериозна институција за организација на големи настани кои се дел од еден фестивал како што е „Бит Фест“. Како што започнавме со големо отворање со мјузиклот „Као како“, продолживме со бројни настани и фестивали кои беа дел од „Бит Фест“, за прв пат го почнавме и промовиравме „Битолскиот чалгиски фестивал“ со кој воедно го промовиравме Битолскиот чалгиски оркестар. Така и ќе завршиме со големо свечено затворање на нашиот битолски бренд групата „Фолтин“ која слави 30 години од своето постоење“ рече Михајловски и го најави гостувањето на претставата „УНА“ на Звездара театарот од Белград, Србија на 10-ти септември во театарот во Битола и концертот на групата „Мизар“ на платото на Офицерскиот дом на 13-ти септември.
„Уна“ неодамна се изведе на фестивалот „Охридско лето“ а пред Битола, на 9 септември ќе биде изведена во Македонскиот народен театар во Скопје а ќе учествува и на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Македонски

