Skip to main content

Театар Куманово со „Трнорушка“ денеска гостува во Гевгелија

Претставата „Трнорушка“ во режија на Бојана Краљевска, продукција на Театар Куманово, ќе гостува денеска во 15 часот на сцената на Театарот во Гевгелија.  Во магичната бајка на браќата Грим играат: Нина Максимова, Сања Русеска, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ и Давид Илиќ.

-Ве очекуваме, драга публико. И вас помладите и вас повозрасните. Да ја видите приказната за љубовта, за убавото. Иако ќе биде исполнета клетвата на лошата самовила Лошка, сепак љубовта победува – велат организаторите.

Сценографијата е на Крсто Богојевски, а изработката на костимите – на Дарко Илиевски.

Гостувањето е во рамките на манифестацијата „Гевгелија – град на културата 2025“.

Поврзани вести