
Во март – месецот на жената, во рамките на кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори имаме силна женска приказна за наша книга на месецот, соопштуваат од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
„Светот што го избрав“ е приказна за трансформацијата на главната протагонистка – Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни програми, канцеларијата за состаноци, барот.
Романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска ја сугерира женската визура во гледањето на светот и ја актуализира еманципацијата на женското авторство во современата македонска проза – ќе запише Весна Мојсова Чепишевска.
Книгата на месецот во рамките на кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори традиционално се претставува и преку разговор со авторот, овој пат предвиден на 5 март.