
вечерва – 12.07.2025г. (сабота) – ќе биде отворена изложба на Ирена Расовиќ (Црна Гора), под наслов „Соништата“, во 20:00 часот во Националната галерија на Македонија – Мала станица.Делата на Ирена Расовиќ припаѓаат на правецот на фантастичен реализам и надреализам, носејќи визии на светот исполнети со симболика, но и топлина и сигурност. Водата, сонцето и каменот се доминантни мотиви, прикажани како носители на живот и хармонија. Водата во нејзините дела не потопува, туку дава живот и ги смирува и прочистува.
Инспирацијата ја црпи од природата и пејсажите на Црна Гора, која ја гледа како вистински предизвик за уметничко изразување. Изложбата „Соништата“ беше прикажана минатата година во Црна Гора.

Утре вечер (13.07.2025г.), на програмата на „Скопско лето“ премиерно ќе се одигра театарска претстава „Вистина“, со почеток во 20:00 часот во Албанскиот театар за деца и млади Скопје.Автор: Флоријан Зелер
Превод: Еќрем Баша
Режисер: Бесфорт Идризи
Сценографија: Симона Димковска
Костими: Сара Широки
Музика: Албин СопаИграат:
Мумин Абдулахи
Деа Пајазити
Флакрон Алиу
Мелика КастратиАсистент на режија: Илир РечиПретставата е на албански јазик, со титлуван превод на македонски јазик.