
Вечерва (07.07.2026г. – вторник) со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се отвори фотографска изложба насловена „Света Софија – Светлината на тишината“ на светско познатите Изет Керибар и Мехмед Озџај. Овој настан се реализира во соработка со Турскиот културен центар во Скопје „Јунус Емре“.
Фотографската изложба „Света Софија – Светлината на тишината“ од светски познатите фотографи Изет Керибар и Мехмет Озџај се среќава со љубителите на уметноста.
Света Софија, како уметничко дело, плени не само со својата архитектура и историска вредност, туку и со својот внатрешен мир и безвременска естетика.

Македонски



