Skip to main content

Скопска премиера на наградуваниот студентски филм „Сенките на месечината“ во режија на Тина Величковиќ и отворање на изложбата „Добредојде, добро те најдов” од Ана В’чкова на SИРНИ 7

Денешните проекции пред Дом на АРМ вбројуваат скопска премиера на наградуваниот студентски филм „Сенките на месечината“ во режија на Тина Величковиќ и проекција на „Тарик“ во режија на Адем Тутиќ кој годинава ја освои наградата за најдобар студентски филм на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај проекциите, во КОТУР ќе се отвори и изложбата „Добредојде, добро те најдов” од Ана В’чкова, реализирана во соработка со Pioneri Art Platform. Вечерта ќе се заокружи со музичка селекција на Бојан Јанев.

Програма за 1 Октомври (среда)

Локација: Дом на АРМ

19:45 | Филмски проекции СЕНКИТЕ НА МЕСЕЧИНАТА, режја: Тина Величковик 15’Она што наликува на секојдневен ден, преминува во предизвикувачки ден за младата докторка чија рутина станува несекојдневна. Барајќи начин да заштити невино дете однефункционалниот здравствен систем, си ја ризикува сопствената кариера. Тренирани да ги прифатиме мааните на системот, докторката се соочува со поголемо прашање: може ли сам човек да направи промена во нешто толку труло? НЕМИ ФИЛМОВИ, режија: Крсте Господиновски 16’„Неми филмови“ е приказна за созревањето сместена во мало кино на крајот од ерата на немите филмови, каде што поранешна филмска ѕвезда се држи до минатото прикажувајќи само неми филмови. Неговиот син расте во овој свет, несвесен за промените зад неговите ѕидови, сè додека едно чудно откритие не ги поремети неговите верувања, прекинувајќи ја кревката врска меѓу нив.DUTY FREE, режија: Hilke Rönnfeldt 17’Менаџерката на продавница на пловечки граничен контејнер во Балтичкото Море, ги отфрла синџирите на брегот за да го спаси универзумот на љубовта што таа и нејзините вработени го создале внатре.ТАРИК, режија: Адем Тутиќ 27’Откако е исклучен од училиште во Лазаревац, Тарик е принуден да ја напушти својата самохрана мајка, Марија, и да се пресели во Нови Пазар за да живее со својот татко, Сафет, и неговото семејство.

Локација: Котур

20:00 | Отворање на изложба „Добредојде, добро те најдов” од Ана В’чкова

Делото ја преиспитува врската меѓу приватниот и јавниот простор – како интимното се разлева во колективното, а колективното го одразува интимното. Замислено какоинтерактивно, мултисензорно искуство, топло ги повикува сите присутни да станат негови соавтори. Намерата е да се поттикнат значајни интеракции меѓу посетителите, започнувајќи разговори за градот, случувањата во него и начините на коишто функционираме во него. Преку лични приказни, средби, сеќавања, мисли и размисли коишто го обликуваат нашето урбано искуство. Доколку посакате, носете дел од себе: фотографија, хартија, или мал спомен и оставете да го да се вткае во делото.

21:00 | Музичка селекциjа: Бојан Јанев Soul CaseФестивалот трае до 6 Октомври на платото пред Дом на АРМ и во Кафе и филм КОТУР. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на SИРНИ (www.dzirnifestival.com).

Влезот за сите проекции е слободен, но поради органичениот број на седишта потребно е да подигнете билет од КОТУР.

Овогодишното жири кое ќе одлучува за најдобар филм во официјалната и во студентската селекција го сочинува: Кристина Леловац, актерка; Трифун Ситниковски, режисер; и Дина Дума, режисерка