
Вечер исполнета со силни емоции и длабока симболика! Сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – made in MNT“, изведен по повод 80 години од постоењето на Македонскиот народен театар, нè потсети зошто оваа институција е духовна сила на нашиот идентитет и култура.
Со впечатливата режија на Дејан Пројковски и моќната, автентична авторска музика на Горан Трајкоски – ГоТра, на сцената оживеа културната синергија меѓу зборот, звукот и сликата, низ заедничката, неизвесна,незаборавна аудиовизуелна авантура, раскажувајќи ја осумдецениската приказна на МНТ.
Музичката приказна, проткаена со мотиви од делата на книжевните великани: Рацин, Чинго, Прличев, Миладиновци… го оживеа богатото и неисцрпно македонско културно наследство.
По којзнае кој пат, се покажа и докажа дека имаме славен театар, уметнички дом на врвни глумци!

Македонски





