Skip to main content

Се работи на номинациско досие за „Етноастрономската карта на македонскиот народ” за апликација во УНЕСКО

Македонскиот народ има свој уникатен светоглед кон небото, има свои имиња за соѕвездијата, небесните појави и месечевите мени кои биле важен дел од секојдневниот духовен живот на македонските села, а наскоро тоа може да биде признаено од УНЕСКО како македонско духовно културно наследство, вели Ванчо Стојкоски, претседател на Македонското истражувачко друштво за 24 вести

Стојкоски учествува во апликацијата за “Етноастрономската карта на македонскиот народ„ во УНЕСКО. 

Од Управата за заштита на културното наследство во телефонски разговор со ТВ 24 потврдуваат дека работат на номинациското досие за “Етноастрономската карта на македонскиот народ”, но не сакаа да споделат повеќе детали бидејќи според нив, било премногу рано да се споделат повеќе детали за овој проект како македонско духовно културно наследство.

Поврзани вести