Skip to main content

Раскошна промоција на двојазично (македонско-словачко) луксузно издание на ,,Граматика на љубовта / Gramatika lásky” од Тихомир Јанчовски во Конгресниот центар во Охрид

На 31 август пред бројни домашни и странски македонисти и љубители на поетската реч, во Конгресниот центар во Охрид се одржа раскошна промоција на книгата ,,Граматика на љубовта / Gramatika lásky” од Тихомир Јанчовски. Се работи за двојазично (македонско-словачко) луксузно издание, објавено во издавачката куќа “Slovenské dejiny” од Будмерице во 2026 година. Автор на словачкиот превод и на поговорот на книгата е проф. д-р Звонко Танески, а јазичната редакција на словачкиот текст е дело на м-р Моника Нецпалова. Книгата е збогатена со мошне инспиративни тематски илустрации направени од страна на Грета Федора Хомзова, а на крајот од книгата е поместена и ,,епитафна песна” од Мартин Хомза, посветена на неговиот пријател и прерано починат голем македонски поет Тихомир Јанчовски. За ова ново и драгоцено издание, како и за спецификите и за значењето на целокупното поетско творештво на Јанчовски во македонскиот културен контекст, ингениозно зборуваше промоторката проф. д-р Елизабета Шелева, најдобриот познавач на стилските принципи на неговата поетска стратегија за која професорката Шелева, пишувајќи за нив и претходно, изрази посебен респект и препорака за уште потемелен прочит на поетскиот дискурс на Јанчовски во иднина.

На промоцијата, сјајно беа интерпретирани неколку песни од Тихомир Јанчовски, на македонски и на словачки јазик од страна на проф. Шелева и м-р Нецпалова.

Следната промоција на изданието се планира наскоро и во Лекторатот по македонски јазик, литература и култура на Филозофскиот факултетот при Универзитетот “Константин Филозоф” во Нитра.

Промоцијата беше збогатена со извонредна и незаборавна интерпретација на поезијата од страна на м-р Моника Нецпалпва, семинаристка од Словачка и со маестрална музичка изведба на гитара, вдахновена од песните на Јанчовски, од страна на семинаристот Мануел Торес од Аргентина.

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositzirvebetjojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişcasibomAvvabetAvvabet GirişAvvabet GirişAvvabetAvvabet GirişAvvabetAvvabetstarzbetcasibommeritkingholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobet