
Во рамките на манифестацијата „Рацинови средби“ беше промвиран романот „Цреша“ од Александар Сашко Кукулев.
Танцувајќи по нотите од едно старо проклетсво, авторот создал моќна животна приказна, со полнокрвни ликови, кои се борат за секој свој здив. Во романот се испреплетуваат двете вечни приказни, за љубовта и смртта, секој влече на своја страна и ги растргува ликовите во романот. Тие посакуваат да сакаат, бидат сакани и среќни. За возврат го добиваат суровиот камшик на судбината, со кој во секунда се рушат сите нивни соништа, желби и планови, рече Огнен Неделковски, кој подвлече дека станува збор за возбудливо и повеќеслојно дело кое се чита во еден здив.
Кукулев вели дека раскажува драматична состојба на современо македонско семејство, кое живее со проклетството од 1922 година од Егејско.
Ова би го кажал за романот пред десет дена, што како порив го имав за да ја напишам. Но по рецензиите на промоторите, је гледам поголемата слика и зборувам сосема друго. Ова е една длабоко македонска приказна за Македонија од почетокот на 20 век до ден денешен, рече авторот.