
Од 11. до 13. јуни годинава Центгарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп првпат реализира работилница за мозаик за млади. На работилницата ќе учествуваат талентирани ученици од општинските училишта. Овој проект работилница за мозаик се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.
Како искуство и позитивен исход од веќе релизираната работилница во 2021 година и во 2022 година, во Штип, решивме да го реализираме проектот во Прилеп и да ја поттикнеме мотивацијата и желбата кај младите за изучување на оваа дисциплина во ликовната уметност. Интересот за учество на учениците беше голем, бидејќи практично ќе научат како се создава мозаик. Предавач е м-р Александра Димитрова – велат од ликовната дејност од ЦК „Марко Цепенков“.