
Денеска ќе се одржи промоција на досега, најголемото проширување на „Секундарна архива“ (SECONDARY ARCHIVE) – архива посветена на уметничките што се идентификуваат жени од Централна и Источна Европа – меѓу кои и за прв пат 24 уметнички од Македонија!
Овој настан кој ќе се случи на 8 март (сабота) од 17 часот, онлајн, на Фејсбук страницата на Фондацијата Катаржина Козира обединува уметници и куратори од Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Албанија, Србија и Косово, а исто така ги претставува новите гласови од најновите партнерски земји од Западен Балкан: Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ова ново издание на “Секундарната архива“ е овозможено преку соработката на 10 меѓународни партнери, меѓу кои и организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ од Скопје, дополнително зајакнувајќи ја мисијата на платформата да ги нагласи женските гласови низ целиот регион.
Уметнички од земјава кои се вклучени во архивата, а кои јавно ќе се објават на 8 март, се Борка Аврамова, Кристина Божурска, Жанета Вангели, Гордана Вренцоска, Искра Димитрова, Зорица Зафировска, Христина Иваноска, Билјана Исијанин, Јана Јакимовска, Славица Јанешлиева, Верица Ковачевска, Шќипе Мехмети, Ивана Мирчевска, Моника Мотеска, Ирена Паскали, Александра Петрушевска Ристовска, Нада Прља, Ивана Сиџимовска, Марија Сотировска Богдановска, Дита Старова Ќерими, Слободанка Стевческа, Дијана Томиќ Радевска, Вана Урошевиќ и Валбона Фејза.
Јавниот настан ќе може да се проследи во живо на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/events/1941702756320022/?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[]%7D