
Во Културно-информативниот центар – Скопје, вечерва, ќе се одржи промоција на книгата „Индиго солзи“ од Нино Наумовски во издание на „Бата Прес“.
Како што стои во соопштението на КИЦ, книгата ќе ја промовираат Снежана Стојчевса и Александар Русјаков.
Освен со поезија Наумовски паралелно и активно се занимава со музика како сценски изведувач и со водителство на неколку културни настани. Од КИЦ додаваат дека Наумовски се појавува како ветувачки глас на македонската книжевна и културна сцена.
Новата генерација македонски поети и поетеси треба да ја очекуваме кај оние родени во новиот милениум. Еден од нив е Нино Наумовски кој со својата збирка песни „Индиго солзи“ треба да ѝ се престави на македонскта читателска публика. Со само деветнаесет години, младиот Наумовски пушта врз нас дожд од индиго солзи преточени во зрели стихови и нè фрла во едно чудесно патување под чадорот на осаменоста, низ градот и мечтите на сопствените видувања на сето она што го опкружува, стои во соопштението.

Македонски








