
Галеријата „Метаноја“ во соработка со „Нушиќ фондација“ од Белград, организира промоција на книгата Бен Акиба: о нама со изложба на карикатури со ликот на Бранислав Нушиќ во авторство на карикатуристот Зоран Товирац – Тоцо. Настанот е во петок 24 јануари од 18 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.
Настанот ќе го отвори директорот на „Галерија Метаноја“ м-р Нада Милкова. На публиката ќе се обратат директорот на „Нушиќ фондација“ Небојша Нушиќ, внукот на Бранислав, скулпторот Синиша Новески, претставник на „Фондација Нушиќ“ за Македонија и д-р Коста Милков, рецензент на книгата.