Skip to main content

Имаат предности во развојот: Ова се клучните карактеристики на децата родени во есен

Freepik

Есента започнува на 23-ти септември. Децата родени во есен (септември, октомври и ноември) често се одликуваат со висок интелект, одлични спортски вештини и силен имунитет, покажуваат бројни статистички и научни истражувања.

Поради специфичниот период од годината кога нивните мајки ја носеле бременоста, овие бебиња уште од раѓање имаат одредени предности во развојот.

Еве ги клучните карактеристики кои најчесто им се припишуваат на есенските деца:

Подобри спортски и физички способности

Истражувањата покажуваат дека децата родени наесен често покажуваат поголема физичка сила и спортска издржливост во споредба со оние родени во другите годишни времиња. Ова главно се должи на фактот што нивните мајки во текот на летото (пред породувањето) биле изложени на поголеми количини на витамин Д од сонцето, што помага за подобар развој на коските и мускулната маса кај фетусот.

Високо ниво на интелигенција и успех на училиште

Есенските деца често покажуваат супериорен интелект, висока љубопитност и логички вештини. Бидејќи најчесто се меѓу најстарите деца во својата училишна генерација, тие имаат мала развојна предност пред соучениците, што придонесува за поголема самодоверба и подобар успех во наставата.

Посилен имунитет и долговечност

Бебињата родени во овој период имаат помал ризик од сериозни хронични болести. Статистичките податоци покажуваат дека луѓето родени во есенските месеци имаат значително поголеми шанси да доживеат 100 години. Сепак, поради зголемената изложеност на есенски алергени уште во првите месеци од животот, тие можат да бидат малку посклони кон развивање алергии на храна или астма.

Емоционална стабилност и карактер

Според астролошките и психолошките профили, децата родени во знаците Вага, Скорпија и Стрелец се опишуваат како:

Праведни и дипломати: Имаат вродено чувство за баланс и рамнотежа.

Страсни и упорни: Кога ќе си постават цел, не се откажуваат лесно додека не ја остварат.

Авантуристи: Особено децата родени во ноември покажуваат вечен дух за истражување и патувања

Поврзани вести