Skip to main content

Стојаноски: Македонија има најевтина цена на горивата во регионот како и најголем обем на мерки за стабилност на истите

ВМРО ДПМНЕ

Графички приказ на неколку анализи за цените на горивата во Македонија и регионот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објавата на Бојан Стојански, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Факт 1: Македонија има најевтина цена на горивата во регионот.

Факт 2: Владата на Република Македонија има најголем обем на мерки за стабилноста на цената на горивата во регионот.

Факт 3: Премиерот Мицкоски денеска изјави дека има преговори со најголемиот снабдувач на нафта и нафтени деривати за дополнителен попуст, со што ќе бидеме држава со убедливо најниска цена на горивото во регионот.

Цената на горивата е вонредно висока и тоа е исто така факт.

Кризата на Средниот Исток има планетарно влијание и скоро сите земји на светот се афектирани од тоа.

Но исто така треба да се истакне и напорот кој се вложува за овие цени да бидат што е можно пониски.

Поврзани вести