Skip to main content

Англија ја „потопи“ Хрватска

Instagram / judebellingham

Репрезентацијата на Англија ја постигна најубедливата победа сезонава во Лига Нации откако вечерва на гости ја совлада Хрватска со убедливи 7:0. Натпреварот се одигра на стадионот Рујевица во Риека, а на трибините имаше публика само на деца од фудбалски школи од Хрватска, поради забраната на Хрватскиот фудбалски сојуз за организирање на навивачи.

На победата се радуваше и одредена група од околу 200 англиски навивачи.

Головите за Англија ги постигнаа: Хари Кејн и Букајо Сака по два, Џуд Белингам, Морган Роџерс и Антони Гордон по еден.

За Англија ова беше втора победа во групата каде прва е Шпанија, која вечера игра против Чешка.

Поврзани вести