Skip to main content

Најмалку 14 загинати и 11 повредени во експлозија во складиште за оружје во Сирија

ИКС

Најмалку 14 лица загинаа, а 11 се повредени во експлозија на локација што се користи за привремено складирање на оружје во близина на сирискиот град Сармада, во покраината Идлиб, објави денеска државната телевизија.

Сириското Министерство за одбрана објави дека меѓу повредените има војници, а екипи за цивилна заштита и пожарникари моментално се на терен, објавија британските медиуми.

Повторените експлозии ги попречија напорите за гаснење на пожарот, бидејќи густ чад се издигаше со часови.

Властите сè уште не соопштија што ја предизвикало експлозијата.

На почетокот на септември, возило што превезуваше муниција експлодира во Бинис, при што загинаа пет лица.(МИА)

Поврзани вести