Skip to main content
Научна конференција „Рациновите одблесоци врз современиот македонски јазик и книжевност“

Проф. Кристина Николова: Да му бидеме достојни на Рацин и да се вековити „Рацинови средби“!

Оваа научна конференција е дел од оние Бели мугри, Рацинови мугри за кои сонувал Рацин и остварува барем парче дел од тој идеал со достоинствена компетентна научна дискусија, рече проф д-р Кристина Николова, член на Организацискиот одбор на манифестацијата „Рацинови средби“ на почетокот на Научната конференција „Рациновите одблесоци врз современиот македонски јазик и книжевност“.

Посакувам успешна конференција на сите македонисти, рацинољупци од областа на македонскиот јазик, македонската литература и култура, која се одржува во годината кога се одбележуваат 80 години македонски стандарден јазик, јубилеј, кој со гордост и достоинство го чествуваме. Мошне умешно е одбран насловот на годинашната конференција „Рациновите одблесоци врз современиот македонски јазик и книжевност“, бидејќи навистина одблесоци се сонот за белите мугри, за силно светнатиот ден и очекуваме научен придонес во тој домен, во доменот на лингвистиката. Да му бидеме достојни на Рацин и да се вековити Рациновите средби!, рече Николова.

Поврзани вести