
Проектот за куќата на Лазар Личеноски, исто така, е ревидиран, ги помина сите стручни контроли и се очекува во најкус можен рок да биде доставен до Министерството за транспорт и врски за добивање одобрение за градење, со планиран почеток на реализација во 2026 година, информираше министерот Љутков.
Изработен е и повеќегодишен план со јасна финансиска динамика за театарот во Стоби, како и за завршување на проектот за Центарот за посетители. Целосно заврши и конзервацијата на старата џамија во селото Равен, Гостиварско… – додаде Љутков.

Македонски






