Skip to main content

Продолжува кампањата „Читаме современи македонски автори“ во Градската библиотека

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје го почнува четвриот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ со „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска (издание на „Арс Ламина), добитник на Рациновото признание за 2025 година. Разговорот ќе се води на 3 септември, во 19 часот, во спомен собата „Т’га за југ“.

Ова е трет роман за возрасни на Ќорвезироска по „Заклученото тело на Лу“ и „Аб’т“. Тој е внимателно осмислен омаж на Славко Јаневски, којшто не е класична посвета, ниту римејк на конкретно дело. „Три Марии“ содржи три самостојни приказни за три различни жени кои носат исто име – Марија и кои сакаат да ги напуштат моментните животи поради грешна љубов. Своја или туѓа. Она што ги обединува во романескна структура е токму станот што се издава и што сите три сакаат да го изнајмат, барајќи спас во него.

Разговорот со Ќорвезироска ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Поврзани вести