Skip to main content

„Принцезата Ксенија од Црна Гора“ на „Охридско лето“: Приказна за егзилот и траумата на малите народи и култури

Култната театарска претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ во адаптација и режија на
Радмила Војводиќ, а во изведба на Црногорскиот народен театар од Подгорица вчеравечер беше
на драмскиот репертоар на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.

На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ играа Варја Џукиќ, Ана Вучковиќ, Дејан
Иваниќ, Изудин Бајровиќ, Горана Драгашевиќ, Александар Радуловиќ, Јелена Лабан, Слободан
Кристина Аплге Маруновиќ, Душан Ковачевиќ, Лазар Ѓурѓевиќ и Нада Вукчевиќ. Драматург на претставата е Божо
Копривица, сценографијата е на Марија Калабиќ, а костимите ги изработи Борис Чакширан.

Истакнатата црногорска режисерка и драмска писателка Радмила Војводиќ, оваа драма ја
поставува вторпат, во 1994 година и годинава, по три децении од првата изведба.

Принцезата Ксенија ја работам вторпат и во секој случај станува збор за вонредна ситуација, од
една страна затоа што сум автор на драмата а воедно и режисер, и не е чудно кога работите друг
автор, но кога по вторпат ќе се најдете во некоја транспозиција, малку е чудно и има поголема
одговорност , повеќе предизвици и поголеми ризици. Во подготовката се одлучив на некој начин
да се контекстуализира тој театар и театарското искуство со претходната Ксенија и во таа смисла
да допишам нешто, да го вклучам тоа во некој вид пролог и тоа отвори сосема нов пристап со
самото тоа што е контекстуализиран самиот театар и театарското искуство. Така, има и глумци
кои играа во првата претстава и сега, пред сè Варја Џукиќ која тогаш ја играше младата Ксенија, а
сега ја игра старата Ксенија. Тоа создаде голема одговорност бидејќи претставата беше
преполна, се играше во тие тешки времиња, во 1994 година, а и понатаму, и се бараше картаповеќе. Тоа е огромна одговорност но и некој вид дијалог на таа претстава со сопственото време
што се случи преку прологот што го напишав. И самиот приод претставува еден вид театарски
омаж но и еден критички дијалог со реалноста и современието, вели авторката и режисерка
Војводиќ.

Претставата обработува теми за егзилот и траумата на малите народи и малите култури. Го
отвора прашањето за контроверзноста на политичката моќ врз малите народи што е актуелно и
денес, токму преку гласот на црногорската принцеза Ксенија кој останува жив и во
современието.

Поврзани вести