
Култната политичка драма од Вилијам Шекспир, „Јулије Цезар“ во режија на Ќендрим Ријани, вечерва во 21 часот ќе ја има својата премиера во Диоклецијановата палата во Сплит. Премиерата е во рамките на „Сплитско лето“. Оваа претстава е големо достигнување и за македонскиот театар, воопшто, затоа што на неа работеше вредна театарска екипа – режисерот Ријани, асистент на режија – Иван Јерчиќ, сценографот Валентин Светозарев, костимографката Марија Пупучевска.
Драматург е Карла Леко. Главните улоги ги толкуваат: Трпимир Јуркиќ, Мијо Јуришиќ, Горан Марковиќ, Донат Зеко, Петра Ковачиќ Ботиќ, Никша Арчанин, Зорана Качиќ Чатиповиќ, Ана Марија Веселчиќ, Здеслав Чотиќ, Стипе Јеласка, Лука Черјан, Зравко Вукелиќ, Моника Вуцо Царев, Лара Јерончиќ. Композитор е Тримор Дорми, кореограф Сташа Зуровац, видеодизајнер Драган Ѓокиќ, дизајнер на светло Срѓан Барбариќ, дизајнер на звук Иван Шушњара, скулптор Тео Баучиќ, јазичен советник Анита Руњиќ Стоилова, превод Милан Богдановиќ и Мате Марас.
Претставата ќе биде изведена и на 9, 11, 12 и 13 август.