Skip to main content

Претседателот на хрватскиот сабор Гордан Јандроковиќ ја посети Националната галерија на Македонија и остави прекрасна порака во книгата на впечатоци

Вчера во посета на Националната галерија на Македонија, беше Претседателот на хрватскиот сабор Гордан Јандроковиќ, кој заедно со директорката на Институцијата Маја Неделкоска Брзанова, и виш кустос Маја Чанкуловска Михајловска ја разгледаа Националната поставка во објектот Даут пашин амам, заедно со делегација од хрватското и македонското собрание.

Ни претставува особено задоволство што ни остави и една убава порака во книгата со впечатоци. Националната галерија со својата колекција и објекти е најзначајниот репрезент од овој вид на развојот на македонската ликовна уметност, информираат од Националната галерија.

Воедно ве потсетуваме дека повторно можете да ја погледнете Националната поставка, со најдоброто од македонската сцена од XIV до XXI век.

Поврзани вести