Skip to main content

Премиера на танцовата претстава „Ајде!“ во Штип во кореографија на Игор Киров и Бојан Мицев

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, вечерва, на 7 јули во 20.30 часот премиерно ќе биде изведна танцовата преттава „Ајде!“ во кореографија на Игор Киров и Бојан Мицев.

„Ајде“ утре, на 8 јули во театар Комедија ќе биде изведна во рамки на Скопско лети.

Оваа претстава нè води низ богатата музичка култура на ромската заедница. На најзначајниот ден во годината, Едерлези или Ѓурѓовден — денот на радоста, кога се слави будењето на природата, почетокот на новиот живот, пријателството и заедништвото, се раѓа една нова љубов. „Ајде!” преку препознатлив ритам и музика, со танц, раскажува за неостварена љубов во доминантно патријархална средина и ја оживува ромската музика и фолклор на сцената. Претставата има за цел да ја подигне свеста за вредноста на животот, личната слобода и општествените норми во современиот контекст.

Драматург е Ана Ристоска Трпеноска, играат: Јована Зајкова, Лука Ѓорѓиевски, Илијана Данилов, Нина Петрушевска, Андреј Димоски и Бојана Арсовска. За видеото се погрижи Мартин Михајлов од „Марсбен продукција“. Фотографијата е на Ања Калин, продукцијата – на Motion Network од Штип.

Претставата е во соработка со ДМБУЦ „Илија Николовски Луј” од Скопје. Претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам, Општина Штип и ЕАМ Штип.

Поврзани вести