Skip to main content

Премиера на претставата „Без иднина“ денеска во Албанскиот театар за деца и млади

На 15 април со почеток во 20:00 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Без иднина“, во Албанскиот театар за деца и млади, изработена според делото „Будење на пролетта“ од Франк Ведекинд.

Претставата ја обработува темата за растењето, првите судири со себе и со светот, како и тишината што често ги следи тие моменти. Низ спомени и фрагменти од минатото се отвора простор за разбирање на младоста, промените и неизговорените прашања. Приказната на сцената се раскажува и преку движење, таму каде што зборовите не се доволни.

Режијата е на Шенај Мандак, сценографијата на Енес Деари, а костимографијата на Ивана Секуловска. Улогите ги толкуваат: Дениз Рустеми, Деа Пајазити, Елдин Широки, Зарије Јонузи Челику, Мелика Кастрати и Флакрон Алиу.

Поврзани вести