
Филолошкиот факултет „Блаже Конески” и Катедрата за романски јазици и книжевности го најавија предавањето на Амбасадорот на Франција, Н.Е. г. Кристоф Ле Риголер, насловено: „Постои ли сѐ уште нешто што е само француско?”.
Предавањето ќе се одржи в петок, 11 април 2025 година, во 11:00 часот, во Салата за седници на Филолошкиот факултет, и е дел од серијата настани „Денови на Франкофонијата” организирана од Филолошкиот факултет.