Skip to main content

Продадени билетите за вечерашната изведба на претставата „Разведи ме“ во Кумановскиот театар

Претставата „РАЗВЕДИ МЕ“ за вечерва 27 февруари, четврток е распродадена, ве очекуваме утре, 28 февруари, петок на втората изведба. Почеток 20:00 часот, соопштија од Центарот за култура „Трајко прокопиев“ во Куманово.

Дали неверството мора да се запечати со развод? Дали простувањето е вистинскиот чекор со кој ќе го спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години.

Теми кои ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено – морални вредности.

Играат: Мирјана Поповска и Роберт Ристов.

Мала сала во Центар за култура.

Цена на билет 200 денари.

Поврзани вести