
Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – „Антево перо“ и Europe house Струга (ул. Климентица) организираат поетско читање кое ќе се одржи на 17 август 2025 година (недела), во 19 часот во просториите на Europe house Струга.
Настанот се организира во чест на јубилејот 50 години од објавувањето на поетската збирка „Тајнопис“ од Анте Поповски.
Поети од повеќе генерации ќе земат учество на настанот, а ќе бидат презентирани и видео и аудио записи од Анте Поповски.