Skip to main content

„Пинокио“ – најнова премиера, детска претстава на Битолски театар

Родители, деца, баби, дедовци — време е за театарска магија што се памети. Народен театар Битола Ве поканува на незаборавно патување во светот на Пинокио — дрвеното момче со најголемото срце, најдолгиот нос и највозбудливите авантури. Ова е претстава полна со смеа, музика, шарени ликови и важни пораки за пријателството, храброста и вистината. Се работи за најновата премиера — претставата за деца „Пинокио“ од Карло Голдони, во режија на Деан Дамјановски, која ќе биде изведена на 28 февруари во 18 часот.
Ова не е обична детска претстава.Ова е експлозија од смеа, музика, боја и магија што ја тресе салата. Ликот на Пинокио го игра Никола Стефанов, а покрај него во претставата се и: Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски. Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски.

Часовници, деца, кукли:– Театарска школа „Бабец“: Софија Наумовска, Ана Анѓелевска, Веда Мавровска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана, Марија Каранфиловска, Лина Христовска, Војдан Мавровски, Николај Илијевски.

Тон мајстор Александар Димовски, светло мајстор Игор Мицевски, суфлер Мирјана Христовска, инспициент Оливер Петровски.

Поврзани вести