
– Во организација на Културно-информативниот центар – Скопје вечер со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата насловена „Период на кентаурите“ од академскиот скулптор од Србија Недим Хаџи Ахметовиќ – Мафа. Изложбата ќе биде отворена до 12 декември 2025 година.
Неговото творештво вклучува неколку различни циклуси насочени кон критикување на насилството на технологијата
врз човештвото. Тој се изразува во повеќе медиуми, главно негувајќи експресивен реализам. Од 2015 година, тој го негува циклусот „Дивидуализам и очигледна симетрија“ што претставува визуелно помирување на класичната и постмодерната уметност, главно преку дисецирање на грчкиот мит преку современа, честопати сатирична интерпретација.
Недим Илија Хаџи Ахметовиќ Мафа е роден во 1970 година во Неготин, Србија. Визуелен уметник, музичар и есеист, идеолошки водач на уметничкото движење BKBF (Bober Kunst Bildhauer Fabrik), Крижевци, Словенија. Дипломирал во 1997 година на Факултетот за применети уметности, Оддел за применета скулптура.
Изложувал на бројни самостојни изложби во земјата и странство. Неговите монументални јавни дела се наоѓаат во голем број земји и музеи низ целиот свет, како и во јавни и приватни колекции.
Член е на УЛУПУДС и неколку странски здруженија (Кина, Италија, Унгарија). Секундарен одбор на директори за SNSPAI (Институт за нова јавна уметност, Шенжен, Кина). Доцент и раководител на Одделот за скулптура на Факултетот за уметности во Косовска Митровица.

Македонски








