
Во пријатна и свечена атмосфера, на 24 април, во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа литературната средба „Нашето поетско ехо“ – настан, кој не само што ја збогати културната сцена во главниот град на Бугарија, туку и отвори нови хоризонти за меѓукултурен дијалог и уметничка соработка.
Овој значаен културен настан беше посветен на претставување на современото поетско творештво на четворица истакнати автори од Куманово: Селајдин Шабани, Сунај Раими, Севдаиљ Демири и Емрах Билали. Како членови на Клубот на писатели „Јехона е Карадакут“ („Ехо на Карадак“), кои веќе се препознаени во книжевните кругови по својот оригинален израз, длабочина на мислата и автентичен поетски глас. Инаку, настанот се реализираше во рамките на проектот „Нашето поетско ехо“, поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија, со јасна цел, поддршка и афирмација на литературата надвор од националните граници и нејзино интегрирање во поширокиот балкански и европски културен контекст.
Во текот на вечерта, присутните имаа можност да уживаат во внимателно избрани поетски читања, преку кои секој од авторите го претстави својот уникатен светоглед. Нивните стихови носеа теми што произлегуваат од секојдневието, но се издигнуваат до универзални значења: љубовта, идентитетот, сеќавањето, времето и човечката судбина. Поезијата, како што се покажа и на овој настан, има моќ да ги надмине јазичните бариери и да допре до суштината на човечкото искуство.
Особено значаен сегмент од средбата беше интеракцијата со публиката. Разговорите што следеа по читањата создадоа простор за размена на мислења, интерпретации и лични доживувања, претворајќи ја вечерта во динамичен културен дијалог. Присутните имаа можност да поставуваат прашања, да дискутираат за инспирацијата на авторите, како и за предизвиците и перспективите на современото творештво.
Проектот „Нашето поетско ехо“ произлегува од длабокото уверување дека културата претставува најцврст мост меѓу народите. Во време кога светот се соочува со бројни поделби, ваквите настани ја потврдуваат улогата на уметноста како средство за зближување, разбирање и взаемна почит. Поезијата, во овој контекст, се доживува како најсуптилен, но и најмоќен амбасадор на духовниот идентитет на еден народ.
Дополнително, оваа манифестација има и долгорочна визија. Се очекува преку ваквите средби да се воспостават нови контакти со поети, книжевни критичари, преведувачи и издавачи. Овие врски можат да прераснат во конкретни иницијативи – преводи на дела, заеднички поетски збирки, антологии и учества на меѓународни фестивали, со што се добива можност за поширока афирмација и видливост, позиционирајќи се како значаен дел од современиот европски културен мозаик.
Настанот во Софија претставува пример за тоа како преку посветеност, визија и институционална поддршка може да се создадат вредни културни платформи.Литературната средба „Нашето поетско ехо“ не беше само уште еден настан во календарот, туку вистинско доживување, исполнета со емоции, инспирација и искрена љубов кон поезијата, така што таа уште еднаш покажа дека зборот има сила да обединува, да отвора врати и да создава трајни врс

Македонски



