
Вечерашниот концерт „Четири раце“ на Димчо Величков (Бугарија) и Мариана Ковал (Украина), кој требаше да се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност во 20, 30ч, се откажува, поради лоши временски услови кои попречија во патувањето на овие меѓународно познати и признати уметници, соопштија од Скопско лето.
Утре вечер, на 10 јули на програмата на 46. „Скопско лето“ ќе се одржи концерт на Алтус НЗ Ансамблот со почеток во 19:19 часот во Салон 19’19.
В петок, на 11 јули, со почеток во 11 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи промоција на книгата „Предизвикот Ништо“ од Давор Тоциновски.
Исто така во петок, со почеток во 20 часот на Амфитеатарот позади Спомен куќата Мајка Тереза ќе се одигра детска театарска претстава „Штурците и мравките“ во продукција на Театар Провокација. Претставата е мјузикл за најмалата публика, која е работена по мотиви од басната „Штурецот и мравката“. Режијата е на Роберт Ристов. Играат: Мирјана Поповска Ристов, Радо Алексовски, Роберт Ристов.