
Во периодот од 1 ноември до 20 ноември ќе се изведуваат градежни и технички реконструкции на гледалиштето во Театар Комедија, а претставите во тој период ќе се играат на Малата сцена, објавија од Театарот на социјалните мрежи.
Во овој период ќе бидат поставени нови столчиња и нов под, со цел на подобрување на комфорот и условите за следење на претставите.
И покрај реконструкцијата, театарот ќе продолжи да работи според редовниот репертоар за ноември, а сите претстави ќе се изведуваат на Малата сцена.
Оваа реконструкција се реализира со поддршка од Амбасадата на Република Полска, преку програмата Polish Aid. Се работи за сума во висина од 2.000.000 денари, како и со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Македонија во износ од 5.200.000 денари, соопштија од Комедија.