
Дваесет и петтото издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот (SLIM), ќе се одржи од 13 до 30 октомври 2025 година, на тема: „Италофонија: јазикот надвор од границите“.
Организирана од Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со локални и меѓународни партнери, оваа манифестација го слави италијанскиот јазик како глобален културен простор и нуди богата програма со:
- Конференции, трибини и книжевни средби
 - Филмски проекции и театарска претстава
 - Музика, фотографии и едукативни работилници
 - Презентација на можности за студирање во Италија
 
Свечено отворање:
Понеделник, 13 октомври во 19:00 часот – Europe House, Скопје
Со предавање на лингвистката Лучила Пицоли и трибина за иновативен пристап во наставата по италијански јазик.
Меѓу настаните:
- Средба со писателот Диего Зандел и промоција на книгата Меѓулитературни дијалози на проф. Анастасија Ѓурчинова (14.10)
 - Проекција на филмот за Пирандело од Микеле Плачидо (15.10)
 - Настан во чест на Андреа Камилери по повод 100-годишнината од неговото раѓање (16.10)
 - Учество на саеми за образование во Струмица и Скопје (17–18.10)
 - Театарска претстава на Лука Вуло и Анџела Габриеле и мастер-клас на Лука Вуло за италијанската гестикулaција (20–21.10)
 - Пијано рецитал на Алесандро Вена (21.10)
 - Проекција на швајцарско-италијанската комедија Bon Shuur Ticino, во соработка со Швајцарската амбасада (22.10)
 - Настан посветен на Стефано Бени со читања и дискусија (28.10)
 - Фотографска изложба за Леонардо Шаша (од 29.10)
 - Промоција на книгата ‘’Италијанската литература и култура на Барокот, Просветителството и Неокласицизмот’’ (29.10)
 - Затворање на 30 октомври со креативни активности од Здружението на професори по италијански јазик
 
Сите настани се со бесплатен влез.

                        
Македонски






