
На денешната прес-конференција по повод најновата премиера на “Пинокио“ во Народен театар Битола, директорот Васко Мавровски ги потсети присутните на значајните моменти од богатиот вековен живот на театарот.
Со особена гордост, Мавровски ја истакна обновената сцена, украсена со оригиналната завеса која пред точно 100 години ја добил театарот како подарок од српската кралица. “После еден век, конечно ја пронајдовме и ја вративме на местото каде припаѓа. Тоа е истата црвена завеса под која се одигра првата претстава ‘Ѓоре Михајловски’, и за нас, како институција и за целиот град, нејзината вредност е огромна“, рече Мавровски.
Тој потсети и на драматичните моменти од историјата: кога бугарскиот фашистички оператор го напуштил градот, театарот бил запален од членовите на Окружниот театар што тогаш функционирал во зградата. Во таа трагична ноќ, сценски работник – дедото на еден од сегашните пензионирани колеги – успеал да ја спаси единствената завеса. Денес, таа ги носи знаците на времето: видливи се деловите со круната и мотивите на партизаните, додека ловоровите венци, симбол на признание за глумците, останале зачувани.
Покрај историјата на завесата, Мавровски се осврна и на уште една значајна годишнина – 30 години од првото изведување на “Пинокио“ во режија на Љупчо Георгиевски, со незаборавната улога на Валентина Грамосли.

Македонски


