Skip to main content

Наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов” за 2025 за професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља

Професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља се добитници на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов” за 2025, соопшти Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

Одлуката ја донесе комисијата на чело со Стеван Смилевски-Кокан и членовите проф.д-р Влатко Коробар, проф.д-р Зорица Блажевска, проф. д-р Мишко Ралев и Александар Наумовски. Смилевски-Кокан е лански лауерат на оваа награда од Асоцијацијата.

Датумот за свеченото доделување на наградата ќе биде дополнително соопштен.

Поврзани вести