Skip to main content

На барање на публиката повторно изведба на детската претставата „Цепенков’n roll“ во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

На барање на публиката повторно изведба на детската претставата „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ во САБОТА, 01.03.2025 година, со почеток во 12.00 часот.

„ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен пристап. Со почитување на традиционалните поуки, нашите млади актери ќе зборуваат и пеат со јазикот на денешницата.

Улоги: Евгенија, Бојан, Ирма, Леона С, Јана, Горазд, Бојана, Наталија, Ангел, Леона П, Марија, Лора, Леа, Матеј, Климент, Софија, Илина, Коста,Борис, Мила, Даријан, Елеонора.

Поврзани вести