Skip to main content

На 11 септември, и по осум децении, „Кавалерија рустикана“, сè уште на големата сцена на МОБ

Постојат претстави што се дел од репертоарот. И постојат претстави што се дел од нашата историја. На 9 мај 1947 година, токму со „Кавалерија рустикана“ на Пјетро Маскањи започнува развојот на оперската уметност во Македонија. Речиси осум децении подоцна, ова големо дело повторно е на нашата сцена.

На 11 септември, ве покануваме да ја доживеете приказната за Сантуца, Туриду, Лола и Алфио, приказна во која љубовта, неверството и љубомората водат кон трагедија.

Диригент е маестро Иван Еминовиќ, режијата е на Џандоменико Вакари, а настапуваат солистите, Хорот и Оркестарот на Македонската опера и балет.

„Кавалерија рустикана“ не е само враќање на едно големо оперско дело. Тоа е средба со дел од нашата сопствена оперска историја.

11 септември | 20 часот

Билети

Онлајн: https://t.ly/Cavalleria.Rusticana.11.09

Поврзани вести