
Мултимедијалната дуо-изложба “Дијалог во празнини” ќе се одржи единствено на 03.04.2026 (петок), од 20:00, во Културно информативниот центар во Скопје.
Ангела Витановска, кураторот на изложбата, во освртот пишува: “Стефан Божиновски и Кристина Таневска, одговараат на ова прашање третирајќи ја празнината не како недостаток, туку како еден интимен „простор“ на потенцијалност – место каде преку тишината и темнината создаваат интроспективна атмосфера, еден вид огледало во кое публиката ќе може преку своето себство, да ги проектира своите мисли, емоции и сопствена смисла. На тој начин, како што наведуваат авторите: ,,делото не е само наше лично истражување, туку и покана за заедничко преиспитување на значењето на празнината во уметноста и секојдневниот живот“.
Ова е проект на (не)искажаното, каде немата емотивна состојба и телесниот израз, говорат за дуалноста присуство/отсуство, каде лицето и телосноста се вплеткуваат во дијалог преку ритам и паузи, погледи и движења… “
Коавтори: Стефан Божиновски и Кристина Таневска
Куратор: Ангела Витановска, историчар на уметност
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ.

Македонски



