Skip to main content

МСУ Водич со Бојана Јанева, отворање на изложба и матине со диџеј сет на Нино Наумов

Денеска, во 12 часот, Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје организира МСУ Водич и Матине. Кустосот водич Бојана Јанева ќе ја води публиката низ трите меѓународни изложби:„Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“, „Војна на сетилата/војна врз сетилата“, „Калдер: флуиден модернизам“.

Изложба која ексклузивно ќе се отвори на самиот ден на матинето, во која ќе биде изложено делото на Александер Калдер од колекцијата на музејот придружено со звучна композиција на Дорит Крајслер. Крајслер е австриска композиторка која создаде звучна композициja во интеракција со придвижувањето на мобилното дело на Александер Калдер, во Музејот на модерна уметност – МоМА, Њујорк.

Од 13 часот е планирано матине дружење со диџеј сет. За најмладата публика и овој пат се организира Детско катче, каде ќе можат да цртаат потикнати и инспирирани од изложбите.

МСУ изразува благодарност кон учениците од НОВА интернационалното школо, кои помогнаа при инсталцијата на новата изложба.

Поврзани вести