
Оваа сабота, на 17 мај, со почеток во 12:00 часот, Музејот на современата уметност – Скопје организира „МСУ Водич“ и Матине дружење.
Во 12 часот, кустос-водич Бојана Јанева ќе ги запознае посетителите со трите тековни меѓународни изложби: „45 години ФЛУ“ – Јубилејна изложба, резултат на соработката помеѓу Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје и МСУ–Скопје, „Форми што летаат: меѓународни уметници во француските колекции“ – Избор на дела од француските колекции на МСУ Лион и МСУ–Скопје. Курирана од Матје Лелиевр, директор на Одделот за колекции при мсуЛион и „Калдер: Флуидена модерност“ – Изложба која ја истакнува звучната композиција на Дорит Крајслер, создадена во интеракција со мобилот на Александар Калдер. Курирана од Нада Прља.
Од 13 часот дружбата продолжува со продолжуваме со матине и музички избор на ДЈ Дарко Јорданов.
За најмладите посетители, повторно ќе биде организирано Детско катче, каде децата ќе може да цртаат инспирирани од изложбите.