Skip to main content

Монодрамата „Куфер“ на Соња Михајлова вечерва го затвора 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама

26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, ќе биде свечено затворно со изведбата на монодрамата „Куфер“. Изведбата е закажана за 20:00 часот во големата сала на Народниот театар во Битола.

Куфер полн со спомени. Со прашања. Со трауми и убавини.

Лична, длабока и интимна исповед за животот на една актерка – како жена, како борец, како човек. Моноспектакл кој ќе нè допре сите.

Режија: Благој Мицевски
Автори и концепт: Соња Михајлова и Благој Мицевски

Поврзани вести