Skip to main content

„Meet Prespa 2025“ од 11 до 13 јули – три дена поезија, музика, улична храна и природа!

Од 11 до 13 јули, живописната Преспа повторно ќе биде домаќин на културниот фестивал „Meet Prespa 2025“, осмо издание кое ветува три дена исполнети со уметност, вкусна храна и незаборавна атмосфера.

Брајчино – Ресен – Дупени

Петок, 11 јули – Поетска магија под ѕвездите (Брајчино)

20:00 – 21:30

„Волкот на љубовта: Поетски катисма“ – поетска изведба на Тихомир Јанчовски и Бранислав Николов (Фолтин)

21:30 – 01:00

DJ Виолета Качакова

„Во име на Мирко Попов“ – вечер на македонски олдис хитови под отворено небо

Влезот е слободен

Сабота, 12 јули – Урбана и балканска

19:00 – 22:00

Street Food Festival – улицата стара чаршија во Ресен ќе мириса на локални специјалитети

20:00 – 21:00

Промоција на книгата „Монах Калист“ од Миливој М. Јовановиќ, во Културен центар „Драги Тозија“

22:00 – 04:00

Музичка трилатерала на плажата Дупени – диџеи од Македонија, Албанија и Грција, една ноќ, три култури, еден ритам

Недела, 13 јули – Завршница со душа

11:00 – 01:00

Брајчински пикник – ден за одмор и поврзување покрај реката, со гитара во позадина и вкусна храна на тревата

„Meet Prespa 2025“ е повеќе од фестивал – тоа е доживување!

Доаѓајте да ја почувствувате Преспа во нејзините најубави бои и звуци!

Поврзани вести