
Македонски народен театар (МНТ) на 4 јуни годинава ќе гостува во Народно позориште Белград на сцената „Раша Плаовиќ“ со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, а во режија и адаптација на Егон Савин, соопштија од Националниот театар.
Во „Народен пратеник“ на Савин играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајовски, Јордан Симонов, Тања Кочовска, а со снимен глас е Александар Михајловски. Премиерата беше на 28 декември 2024 година.
„Народен пратеник“ е селектирна и ќе учестува на годинешното, јубилејно 70. издание на „Стериино позорје“ кое ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни.
МНТ со „Народен пратеник“ гостува во Подгорица, во Црногорско народно позориште и во Сараево, Босна и Херцеговина.
Ова е едно позитивно надополнување во патувачката агенда и организираната турнеја на Македонскиот народен театар, кое дава посебна динамика, ги обединува уметничките изрази, културните разлики и емоционалните искуства на различните сцени. За актерите, продукцискиот тим, пред сѐ за публиката, тоа е исполнување на инспиративни, креативни предизвици. Секој нов град и секоја нова публика носи нови искуства и возбуда кои го трансформираат и го осветлуваат доживувањето на уметноста. Таа е мост меѓу различни култури и традиции, овозможувајќи размена на идеи, велат од МНТ.