
Некои приказни не стареат, затоа што чувствата во нив ги препознаваме и денес. Сантуца го љуби Туриду. Но, Туриду повторно се среќава со Лола, жената што ја сакал пред да замине во војска.
Постои само еден проблем.Лола сега е сопруга на Алфио.
Од тој момент, љубовта се претвора во љубомора, љубомората во одмазда, а една одлука започнува нераскинлив синџир од настани.
Тоа е „Кавалерија рустикана“ на Пјетро Маскањи.
Моќна опера во еден чин, исполнета со страст, прекрасна музика и човечки емоции за кои не е потребно да бидете познавач на операта за да ги почувствувате.
На 11 септември, во 20 часот, „Кавалерија рустикана“ повторно ќе се изведе на големата сцена на Македонската опера и балет.

Македонски

