Skip to main content

„Љубов и вино“ во фоајето на „Марко Цепенков“ во Прилеп

На 13 февруари (петок) во 18 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи поетско – музичката манифестација „Љубов и вино“, а ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци Прилеп.

Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, а се одржува по четврт пат. Ќе думаме за љубовта, за првите бакнежи, за виното и ќе го празнуваме св. Трифун и св. Валентајн – Денот на вљубените – велат организаторите.

На манифестацијата со љубовна поезија ќе се претстават 30 поети од Клубот на литеаратурни творци – прилеп и творци од гардот, а гостин ќе биде КУД „Преродба 2024“.

Поврзани вести