Skip to main content

Љубов, бунт и одличен балет: „Госпоѓа Бовари“ повторно на големата сцена на МОБ

На 23 јануари во Македонската опера и балет повторно ќе биде изведена спектакуларната балетска премиера „Госпоѓа Бовари“ – современа, визуелно моќна и емоционално длабока приказна инспирирана од легендарниот роман на Г. Флобер.

Главната хероина, Ема Бовари, жена што копнее по страст, слобода и смисла во животот ќе ве води низ измешан свет на фантазии и реалност, преку танц што зборува погласно од зборовите.

Не пропуштајте го ова ретко сценско доживување кое доби многу позитивни критики. Балетот не е само уметност, тој е огледало на нашата душа.

23.01.2026 – 19:30 ч.
Резервирај билети сега: https://t.ly/MadameBovary23.012.26

Билетарница: 078 426 536 / 02 3118 451

Поврзани вести